ФОТО Битолчани спасија паднато кутре во Драгор

Битолчани уште еднаш покажаа дека човечноста и храброста се живи во градот. Според објавата на „Бабам Битола“, група граѓани без двоумење интервенирала и спасила малку кутре кое паднало во водите на реката Драгор.

„Не му беше ниту ладно ниту шубе дека ќе се напрат жива вода. Битолчани без двоумење ја покажаа својата човечност, спасија паднато кутре“, стои во статусот.

Иако идентитетот на храбрите спасувачи не е познат, авторот на објавата ги поздравува и ги повикува граѓаните кои ги познаваат да се јават.

Овој настан е уште еден пример за солидарноста на граѓаните на Битола и нивната подготвеност да реагираат во ситуација на опасност за животните.