Кога е во прашање музиката таа е неприкосновеното македонско девојче кое ги воодушевува сите возрасни генерации.
Веќе знаете, станува збор за дамата која повеќето милуваат да ја наречат и македонската поп принцеза – Каролина Гочева.
Слободно може да кажеме дека Гочева важи за една од најдобро стилизираните јавни личности, а тоа го потврдува од фотосесија во фотосесија.
Претходната година, пејачката имаше важен момент во нејзиниот живот, односно го кажа судбоносното „да“ и заплива во брачните води со нејзиниот партнер Михаил Корубин.
Освен тоа, кога станува збор за музиката Гочева го издаде и својот албум „Извор“, кој имаше одличен одѕив кај публиката, а Каролина одржа седум концерти во МОБ, но и концерти низ Македонија.
Освен тоа започна и нова соработка со познати модни брендови за кои изминатиот период покажа дека е совршено заштитно лице во нивните модни кампањи.
Деновиве, Каролина направи нова фотосесија на која изгледа божанствено како и секогаш, а нејзината насмевка ќе ве освои.
Следбениците на „Инстаграм“ и порачаа дека изгледа како балерина, но и дека насмевка од милион долари.