ФОТО Дудуш ја почна кампањата и се пофали дека го има новиот Ајфон од над 1600 евра

Со почетокот на изборната кампања, кандидатот за градоначалник на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш привлече внимание на социјалните мрежи со фотографија на која позира пред својот плакат, држејќи го во рака новиот модел на „ајфон“.

Објавата, споделена на неговиот Фејсбук-профил со краткиот коментар „IPHONE?“, веднаш предизвика реакции и коментари.

Поддржувачите и симпатизерите го поздравија, додека други ја протолкуваа објавата како демонстрација на луксуз во време кога дел од граѓаните се соочуваат со економски тешкотии.

Дудуш ја започна кампањата со симболика на бројот 17, кој е обележан на неговиот плакат, а фотографијата со скапиот телефон дополнително го насочи вниманието кон неговиот јавен имиџ.

Се работи за најновиот модел Iphone 17 во неговата портокалова боја, чија цена на европскиот пазар почнува од 1600 евра па нагоре во однос на верзиите за меморија.

Новата серија на iPhone телефони излезе на пазарот на 19 септември.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.