Свет

(ФОТО) Експлозија го потресе центарот на Париз

Силна експлозија утрово се случи Париз. Горат згради, а оштетени се и автомобили во околината.

Првичните информации, според француските медиуми, велат дека пожарот настанал во пекарница, а причината е експлозија на гас, а неофицијално е дека има и жртви.

Во Париз и повеќе други француски градови денеска ќе се одржат нови антивладини протести на „жолтите елеци“, поради кои низ земјата се распоредени 80 илјади полициски службеници. Засега експлозијата не се поврзува со демонстрациите.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни