Денес се извршија првите тренажни летови со „Ер Трактори“.
Се работи за противпожарни авиони на Дирекцијата за заштита и спасување.

Пилотите тестираа маневри и процедури за брзо реагирање во случај на пожар на отворен простор со кои ја проверија и потврдија нивната ефикасност и подготвеност како и техничката исправност на трите ер трактори.

