Македонија

ФОТО Гори парк-шумата во Гази Баба, пожарникарите интервенираат на терен

ФОТО Гори парк-шумата во Гази Баба, пожарникарите интервенираат на терен

Во парк-шумата Гази Баба избувна пожар, а екипи на Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) Скопје се на терен и интервенираат за негово локализирање.

Засега нема информации за причините за избувнувањето на пожарот, ниту дали се загрозени околните објекти. Пожарникарите работат на ставање на огнената стихија под контрола, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни и да ги почитуваат насоките на службите додека трае интервенцијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни