Шпанскиот крал Филип VI посети воена база во провинцијата Валенсија за да дознае како армијата им помага на жителите на поплавените подрачја каде што поплавите однесоа најмалку 222 жртви. Филип VI пристигна од Мадрид во воената база во Бетера, место на 20 километри од градот Валенсија, соопшти кралската куќа. Во провинцијата Валенсија, 8.474 војници се распоредени за да помогнат во чистењето на калливите улици и потрагата по исчезнати лица.
Во вторникот метеоролошката служба АЕМЕТ ги предупреди жителите на таа југоисточна провинција на доаѓање на ново невреме, иако послабо од она пред две недели кога почнаа поплавите. -Во текот на вечерта и среда очекуваме обилни врнежи од дожд на Балеарските острови и во провинциите Каталонија, Валенсија и Андалузија – објави АЕМЕТ преку социјалната мрежа X. Прогласен е портокалов аларм што укажува на голема опасност. Споменатите области, особено местата околу градот Валенсија, настрадаа по излевањето на реките на 29 октомври. Поплавени се бројни места, а спасувачките служби трагаат по уште 23 лица. Шпанската агенција за цивилна заштита испрати предупредување преку СМС пораки и до провинцијата Малага. Таму илјадници луѓе се евакуирани од своите домови, поконкретно во шпанскиот регион Коста дел Сол поради можност од нови поплави. Сите училишта во околината ќе останат затворени. Предупредувањето за областа се промени од жолто во црвено и жителите беа предупредени на „екстремна опасност“. – Активирано црвено предупредување. Екстремна опасност од врнежи. Бидете внимателни, избегнувајте патувања, се вели во предупредувањето испратено околу 22 часот. Мештаните ги затвориле вратите од своите домови со даски, а пред нив поставиле вреќи со песок. Многу ограбуваа супермаркети за да набават храна. Жителите на Малага се во страв откако ги видоа штетите по поплавите во Валенсија, па многумина ги врзаа своите автомобили за светилки и ги завиткаа во фолија за да ја ограничат нивната изложеност на вода. Почна и превентивната евакуација на околу 3.000 луѓе во близина на реката Гвадалхорсе. Оние кои немаат сместување со пријателите или семејството се привремено сместени во прифатилишта или спортски сали.Областа Коста дел Сол, вклучително и одморалиштата Марбела и Естепона, се очекува да го сноси најголемиот дел од невремето, а црвеното предупредување ќе остане во сила до полноќ, пишува Дејли мејл.Con la Aviso Rojo por la DANA de AEMET en Malaga, la gente esta intentando que el agua no se lleve sus coches. Este lo ha plastificado, le ha puesto peso a las ruedas y lo ha atado a una farola. ESPAÑA ❤️ pic.twitter.com/WKCMpesr0R
— WONDER ARAN RHAENYRA 🖤🐉 🏳️🌈💚💜 (@tzantzi) November 12, 2024
Овој пат вакво силно невреме не очекува, но влијанието на дождот може да биде сериозно поради количеството кал веќе на теренот, како и лошата состојба на канализациониот систем.