ФОТО Густа магла низ Скопје – градот на 43 место во светот по загаденост

Густата магла вечерва ја прекрива скопската котлина, а во исто време главниот град се најде на 43. место меѓу најзагадените градови во светот, а квалитетот на воздухот се оценува како умерено нездрав.

Според податоците регистрирани се 75 µg/m³, односно концентрацијата на ПМ2.5 е 4,4 пати поголема од годишната препорачана вредност на Светската здравствена организација, што го зголемува ризикот за здравјето, особено кај чувствителните групи.

Магла Скопје / 4news.mk

Препораки за здравје:

  • За чувствителните групи (астматичари, хронично болни, деца, бремени лица): намалете физичка активност на отворено.
  • Држете ги прозорците затворени, за да избегнете влез на нечист воздух.
  • Носете заштитна маска при движење надвор, особено во шпиц.
  • Користете прочистувач на воздух во затворен простор, доколку е возможно.