Вистински ужас доцна вечерва во Скопје по завршувањето на натпреварот ТФТ-МЗТ Скопје Аеродром.
Според информации на 4NEWS.mk навивачи ги нападнале автомобилите кои се движеа кон центарот на градот, а во кои се наоѓаа членовите на Тафта Кру и Фемили Аеродром при што е причинета голема материјална штета.
„Има скршени стакла и на полициски возила, па сообраќајот во тој дел од Скопје привремено беше затворен. Полицијата се обиде да ги фати напаѓачите или барем некој од нив, но не успеа“, пишува сајтот kos.mk
Екипи на полицијата попладнево се забележани како интервенираат.
Се очекува МВР во текот на утрешниот ден да објави повеќе информации.