ФОТО Илјадници се движат кон Кривичниот суд, барајќи правда за Кочани

Во Скопје денеска, 15 ноември, се одржува граѓанскиот протест „Марш на ангелите“, посветен на барањето правда за трагичните настани во Кочани.

Илјадници граѓани веќе се упатуваат кон Основниот кривичен суд, пренесувајќи силна порака за правна одговорност и транспарентност.

ФОТО: Протест во Скопје / 4NEWS.MK

Маршот започна во 12:05 часот на Плоштад Македонија – главна стартна точка од која демонстрантите ќе се упатат кон институциите.

ФОТО: Протест во Скопје / 4NEWS.MK

Организаторите објавија дека се предвидени две клучни рути: првата од центарот на градот до Кривичниот суд, а втората од судот кон Собранието на Република Македонија, со што протестот добива дополнителна симболика за притисок кон правосудните и законодавните органи.