ФОТО: Карлеуша со приватен авион слета во Македонија

Атрактивната Србинка на секој настап во Македонија доаѓа со приватен џет. Овојпат дестинацијата за настап ќе ѝ биде Битола.

Јелена Карлеуша по повод настапот во Битола со приватен џет тргна кон Македонија.

Пејачката доаѓа со нејзиниот најдобар пријател и ПР менаџер Зоран Бирташевиќ.

Двајцата објавија низа фотографии од качувањето во авионот, како и од летот и пилотите.

Во спортско издание со црни хеланки, Карлеуша испрати поздрав до фановите во Македонија.