ФОТО: Каролина Гочева одамна не била вака провокативна во проѕирно фустанче

Откако ги наполни батериите на грчкиот остров Миконос заедно со сопругот, македонското девојче Каролина Гочева не мирува.

По многуте концерти за новиот албум „Извор“ кои ги одржа најпрвин во серија во Скопје, а потоа и низ Македонија, сега дојде ред и за снимање спот.

https://instagram.com/p/BmtffuLAHsp/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

Имено, Каролина веќе неколку дена е на разни локации низ земјава од каде ќе бидат реализирани сцените од најновиот спот за кој соработува со Чедо Поповски.

https://instagram.com/p/Bm28NoYlUeF/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

Дека новитетот доаѓа најави на својот Инстагрм преку неколку фотографии од кои на едната носи бело транспарентно фустанче од кое до израз доаѓа нејзиното витко тело одзади. 

Каков ќе биде финалниот резултат од реализацијата на спотот, останува да почекаме…

Каролина Гочева е мачка ипол зад воланот

Меѓу снимките и фотографиите кои таа ги објави се најде и таков момент кога излегува од својот автомобил, па следбениците имаа можност да ја видат и во едно поинакво издание зад воланот.

Гочева се пофали и со нови фотки од одморот на Миконос, очигледно тоа и е омилената дестинација со оглед на тоа дека и минатата година беше токму овде со нејзиното момче, сегашен сопруг Михаил Корубин.

Судејќи по фотографиите Каролина навистина уживала во благодетите кои што ги нуди островот.

Извор: Вистина.мк

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното