Во Македонија започна нова фаза во спроведувањето на сообраќајната контрола преку системот „Сејф Сити“, со тоа што покрај казните, до возачите веќе се доставуваат и фотографии како доказ за сторениот прекршок.
Според најновите фотографии, граѓаните кои ќе добијат казна преку автоматизираниот систем, отсега ќе имаат увид и во визуелен доказ – фотографија направена во моментот на прекршокот.

Фотографиите прикажуваат дел од сообраќајната ситуација, позицијата на возилото и регистарската табличка.

Оваа новина има за цел да ја зголеми транспарентноста и довербата во системот, но и да им овозможи на возачите јасно да видат кога и како е регистриран прекршокот.
Со воведувањето на оваа практика, Македонија се приклучува кон современите европски трендови во дигитализацијата на сообраќајниот надзор, каде доказите за прекршоците се транспарентни и лесно достапни за сите засегнати страни.