ФОТО: Местото на несреќата каде што загина познатиот пејач Шаулиќ

Познатиот српски пејач Шабан Шаулиќ, загина утринава во тешка сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Билефелд – Бутерслох. Пејачот синоќа имал настап во Билефелд, и според информациите се упатил кон аеродром да се враќа во Белград, но по пат се случила сообраќајна незгода во која учествувале две возила.

„Полицијата во 6:50 часот, добила дојава за сообраќајна незгода во која учествувале две возила.“, пишуваат германските медиуми.

Цели три часа автопатот бил затворен, затоа што пожарникарите ги извлекувале телата на повредените.

Шаулиќ им подлегнал на повредите во болница, а заедно со него биле уште две лица. Повреден е и возачот на вториот автомобил.

Извор: ТВ21