Македонската ракометна репрезентација вечерва во Виена ќе има голема поддршка од македонските навивачи. Едни од најредовните поддржувачи на македонските селекции во повеќе спортови се Мики и Кипре. Двајцата во шега знаат да кажат дека заедно имаат повеќе првенства од години (овој податок не е проверен, но блиску е до вистината).
Мики и Кипре се редовни посетители на ракометната репрезентација, но затоа се дел и од навивачите кои ги бодрат македонските спортисти и во фудбал, кошарка, одбојка,…
Како и секаде така и тука во Виена овој тандем ќе биде заедно на трибините.
Од Виена
Марјан Ников
