Фотографиите на Филип Стевановски, Александар Коларов, Александар Ефремов, Дамјан Таневски и Филип Ивановски кои загинаа во пожарот во Кочани беа поставени на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип на 16 март, кога се случи трагедијата во која животите ги загубија 62 лица.
Меѓутоа, утрово поставените фотографии биле искршени, што предизвика револт и болка кај семејствата, пријателите и пошироката јавност.
Фотографиите до редакцијата на МИА ги доставија роднини на починатите, кои утринава го забележале вандализмот од страна на непознати сторители.
Надлежните органи се повикани да го истражат случајот, а јавноста бара сторителите да бидат идентификувани и соодветно санкционирани.