На својот фејсбук профил Стефан Лазаров, македонскиот јутубер, поткастер и долгогодишен пријател на починатиот Зоран Василевски познат како Зоки Фаци објави дека некој го откопал гробот на Зоки.
Како што вели Лазаров во својата објава се претпоставува дека некој барал злато или вредни работи.
„Таман кога човек ќе помисли дека полошо не може да биде се случува ваква работа. Некој го откопал гробот на Зоки, претпоставувам барајќи злато или вредни работи… Па добро бе, остана ли малку човечност помеѓу нас луѓето, 6 месеци немаат поминато!! Какви се тие монструми што прават вакви работи, срамота!“ – вели Лазаров во објавата.