Падна дел од фасадата на палатата Лазар Поп Трајков во строгиот центар на Скопје.
Во оваа палата има повеќе институции, а во непосредна близина е и зградата на Министерството за енергетика.

На местото, е обезбеден тротоарот со цел да се спречат несакани инциденти.

На терен може да се забележи и дел од фасадата кој се уште виси и во секој момент може да падне, со што се создава директна опасност за минувачите.
Како мерка на претпазливост, целиот потег на тротоарот пред објектот е ограден со жолта предупредувачка лента, а поставени се и видливи натписи со текст „НЕ ПОМИНУВАЈ!“ на македонски јазик.