Утрово дрвја паднаа на подрачјето на општина Центар, во близина на основното училиште „Киро Глигоров“.
Инцидентот, најверојатно предизвикан од обилни врнежи, резултираше со затворање на улиците за расчистување, но за среќа нема повредени лица.

Сепак, на терен може да се забележат сериозни последици.
Како што покажуваат фотографиите, паднатите дрвја оштетија повеќе паркирани автомобили.

На сликите се гледаат автомобили со скршени ветробрански и задни стакла, оштетени каросерии и здробени покриви.
