ФОТО Пешевска до Ахмети: На пат за Кичево мекици не се во тренд, сега е време за кекс, послатко оди тоа

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, заедно со колеги и партиски поддржувачи, објави фотографија на социјалните мрежи со колачи, испраќајќи јасна порака до лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„На пат за Кичево мекици не се во тренд, сега е време за кекс, послатко оди тоа. Кичево е Македонија!“, напиша Пешевска во објавата, aлудирајќи на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево.

Пораката на Пешевска се однесува на изјавата на Ахмети од минатата година, кога тој му порача на Христијан Мицкоски: „Растен си со гурабии и кекси, не барај си ја белјата, бирај ги зборовите.“