Свет
17,251,430
Вкупно активни случаи
Updated on 04/08/2021 16:15 16:15
Македонија
627
Вкупно активни случаи
Updated on 04/08/2021 16:15 16:15
Македонија
5,494
Вкупно починати
Updated on 04/08/2021 16:15 16:15
Македонија
150,422
Вкупно оздравени
Updated on 04/08/2021 16:15 16:15

ФОТО: По Битола се појави уште едно торнадо…

Во местото Гунарош кај Бачка Топола во Србија, денеска околу 16 часот забележана е необична атмосферска појава. Од облаците се создава вртлог како торнадо. Меѓутоа, се работи за вид на слабо торнадо кое се нарекува „пијавица“ или „тромб“ торнадо.

Овие атмосферски појави настануваат на сличен начин како големите торнада. Се спуштаат од долните делови на облакот до тлото, со речиси вертикална или искосена оска.

„Пијавица“ или „тромб“ торнадо најчесто се јавува на Јадранско Море, но понекогаш ги има и на копно, најчесто во рамниците во Славонија и во Војводина.

Карактеристично „тромб“ торнадо вообичаено трае околу 20 минути, пречникот е од 20 до 100 метри, а може да се движи со брзина и до 80 километри на час. Со оглед на големата разорна моќ, торнадото урива кровови, корне дрва, а се случува и да подигне автомобили.