ВИДЕО Почна лидерската средба – на маса седнаа Мицкоски, Ахмети, Касами, Апасиев и Минчев

Попладнево точно во 12 часот започна лидерската средба побарана од страна на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На средбата присуствуваат Христијан Мицкоски (ВМРО-ДПМНЕ), Биљал Касами (Вреди), Димитар Апасиев (Левица), Али Ахмети (ДУИ) и Горан Минчев (ЗНАМ).

Главни теми на состанокот се очекува да бидат укинувањето на техничката влада, изборните реформи со фокус на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, како и изборот на нов Народен правобранител.

Инаку, опозициската СДСМ предводена од Венко Филипче одби да учествува.