Македонија

ФОТО Пола Скопје во чад: Пожарот кај Блаце се шири поради силниот ветер

ФОТО Пола Скопје во чад: Пожарот кај Блаце се шири поради силниот ветер

Половина Скопје попладнево е завиено во густ чад, откако пожарот што избувна вчера во близина на граничниот премин Блаце продолжува да се шири поттикнат од силниот ветер. Граѓаните од северниот и западниот дел на градот пријавуваат неподнослива миризба на горење и намалена видливост.

Пожарот зафатил голема површина од ниска вегетација и делови од шума, а поради неповолните временски услови, се заканува да се прошири и кон населени места. Противпожарните екипи се на терен и се обидуваат да го локализираат огнот, но засега борбата со стихијата е отежната.

Надлежните апелираат граѓаните да избегнуваат движење во погодените подрачја и да ги држат прозорците затворени поради загадениот воздух. Дополнителни екипи се мобилизирани за да спречат огнот да се прошири кон куќи и инфраструктурни објекти.

Властите најавија дека во гаснењето се вклучи и хеликоптерската единица.

Целосно затворен е и граничниот премин Блаце.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни