ФОТО: Познатиот фолкер Џани се разведува?

Познатиот фолкер, Радиша Трајковиќ попознат како Џани ги шокираше сите поради неговата објава на Инстаграм, по која е покренета шпекулација околу тоа дека со неговата сопруга Слаѓа ставаат крај на нивната романса.

Подоцна тие негираа, но сега се појави уште еден доказ дека нешто чудно се случува во семејството Трајковиќ.

Џани на својот Инстаграм профил објави стори, на кое се гледа како тој потпишува некакви документи со адвокат, а на фотографијата додаде и „Готово е“.

Многумина се посомневаа дека е во прашање развод со Слаѓана, но тој одлучи да ја заинтигрира јавноста и да остави да се сомнева за што точно се работи.