Екс генералниот секретар на Владата Драги Рашковски денеска за изненадување на јавноста се појави на првиот академски час, брујат социјалните мрежи.
„Станува збор за мои колеги кои, во различен временски период, биле составен дел од извршната власт. Факт е дека треба да се има спрема секого достоинствен пристап. Единствен критериум за осуда, било каква, е после правосилна судска пресуда. Тогаш би можеле да коментираме за состојбите затоа што само на таков начин може да зборуваме за форматирање на нечија одговорност“, одговори министерот за Правда Никола Тупанчевски на новинарско прашање по завршувањето на првиот академски час на Правниот факултет.
Еве криминалецот и крадецот Рашковски и предавања ќе дрќи на студентите на Правен
Си отишол и на првиот час
СеверЏанија бреееее ! pic.twitter.com/wLcBABqBcx— Moon Pearl (@roze_______) October 3, 2022
По објавата медиумите и останатите членови на друштвените мрежи започнаа да се шегуваат:
Ќе едуцира кадри како да го заобиколуваат законот
— Iznogoud (@Orest29992620) October 3, 2022
Денеска почна академската година, која по две години онлајн настава поради пандемијата со коронавирусот сега ќе биде со физичко присуство.
Која брука од држава
— Silvestro (@MarkoMolos) October 3, 2022
Па има што да ги научи…
како да се снајдат утре…
во оваа е@ана државичка!!!— Ѓерасим (@erasim8) October 3, 2022