Во живо Отворено студио Избори Србија 2026 Гледај
Забава

(Фото) Се ожени градоначалникот Стефан Богоев, невестата избра чипка

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, вечерва се ожени со својата долгогодишна девојка Ивана Анѓеловска. Свадбата е во ресторанот „Ла Тана“, а двојката веќе го одигра свадбениот валцер. За забвата на свадбата младенците ги одбраа „Либеро“ бенд, а оние кои се таму, раскажуваат дека било многу весело. Невестата е облечена во венчаница од тантела, а градоначалникот Богоев се реши за елегантна црно-бела комбинација. Пред неколку месеци тој ја побара Ивана за жена со голема торта во форма на кутија за накит и со прстен изработен од фондан, на која пишуваше: „Ќе се омажиш ли за мене“. „Со еден глас ‘за’, Ивана избра ‘да’“, напиша Богоев, кој е најмладиот градоначалник од СДСМ.







Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни