Последните недели „кукаше„ во смисла – ајде побрзо,да заврши и оваа втора бремена епизода во животот …и денеска ан Тамара и се исполни желбата…
Пејачката Тамара Тодевска денеска го роди второто дете.. Таа и нејзиниот сопруг Александар Димитровски добија син. Среќната вест таа веднаш ја сподели на социјалните мрежи.
„Пред точно саат време се роди нашиот Дарен, Хана доби братче, а Мачка и јас уште една неопислива љубов. Ви испраќаме безброј бакнежи“, стои во постот на пејачката.
https://www.facebook.com/tamara.branavelkova/posts/2055839201103454

