Невремето проследено со пороен дожд и град, кое попладнево го погоди Скопје, направи штета на повеќе места низ општина Кисела Вода.
На неколку локации силниот ветар однесе настрешници, гранки, откорна делови од покриви и направи проблем во одвивањето на сообраќајот, но екипите од Општината, предводени од градоначалникот веднаш излегоа на терен и интервенираат за надминување на проблемите.
Повикани се сите надлежни фирми со кои соработуваме, општинските тимови вршат увид и се реагира брзо, комуницираме и со службите на Градот и со граѓаните кои пријавуваат проблем, со цел штетите што поскоро да се санираат и состојбата да се нормализира.
Остануваме на терен сѐ до нормализирање на целата ситуација.
Стоиме на располагање доколку граѓаните кои имаат било каква потреба.