ФОТО Сепак Арсовска вечерва го чисти Скопје

По големиот изборен ден и најавата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Орце Ѓорѓиевски дека по победата во првиот круг за 72 часа ќе се чисти градот, сепак граѓаните ќе треба да почекаат уште две недели бидејќи победник во овој круг нема.

Единствен кој вечерва чисти е актуелната градоначалничка Данела Арсовска.

На терен како што може да се види од фотографиите, се работниците и машините кои внимаваат улиците, но и градот да биде чист.

Вториот круг избори се закажани за 2ри ноември, а за фотелјата на Градот ќе се борат Орце Ѓорѓиевски и кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ.