Милјана Кулиќ потврди дека влегува во Задруга 5, а како што пренесуваат локалните медиуми, овој пат ќе ги земе своите сестри Тијана (24) и Ана (19), кои досега не сме ги виделе во реалното шоу, како и нејзината мајка Марија (46).
Контроверзната Нишлијка веќе потпиша договор за петтата сезона на споменатото реално шоу, додека нејзините сестри и мајка наводно деновиве преговараат за деталите за нивното влегување со продуцентите.
„Ова ќе биде првпат сите три сестри Кулиќ да се во шоуто. Тијана и Ана во голема мера преговараат со продукцијата и наскоро треба да го потврдат своето учество. Марија ќе влезе малку подоцна, најверојатно околу Новата година, додека не и заврши терапија“, откри изворот и додаде дека таткото на Милјана нема да влезе во шоуто.
„Синиша ќе остане дома бидејќи му е загрозено здравјето и не треба да биде изложен на стрес. Милјана, Тијана и Ана се тотално различни по карактер, па сигурно ќе ги гледаме нивните чести расправии. Гледачите ќе бидат заинтересирани за љубовниот живот на сестрите на Милјана“.




