Забава

ФОТО: Шарлот Мекини – провокативна манекенка со природно бујно деколте

Манекенката и актерка Шарлот Мекини (28) привлече големо внимание во провокативната реклама за хамбургер што беше емитувана за време на „Супер боул“ во 2015 година.

Овој потег и го отвори патот на атрактивната русокоса да ја продолжи кариерата, но таа признава дека всушност станала ѕвезда благодарение на социјалните мрежи: „Агенциите не ме сакаа, па решив да го отворам Инстаграм и така да го креирам моето портфолио“, истакна таа.

Нејзината популарност порасна со вртоглаво темпо, а за тоа придонесоа разголените фотографии, на кои таа ги истакна, како што вели, природните атрибути, а особено нејзините бујни гради.

Многумина ја споредија со моделот Кејт Аптон, но оваа споредба не и се допадна.

„Ја почитувам Кејт Аптон и и честитам за успехот што го постигна. Но, јас не сум таа. Не сакам да ме споредуваат со никого“, рече таа.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни