ФОТО: Силното невреме урна настрешница на бензинска пумпа

Силно невреме попладнево го зафати Нови Сад.

Настрешница на бензинска пумпа се урна попладнево за време на поројниот дожд што го погоди овој српски град.

На пумпата во тој момент имало два автомобила врз кои паднала конструкцијата.

Еден муштерија е полесно повреден.

На терен излегоа пожарникарите и полицијата.

Невремето со дожд и силен ветар и натаму беснее во градот и околината.