ФОТО Снегот предизвика сообраќаен хаос во Скопје, неколку сообраќајки за неколку минути

Обилниот снег што утринава паѓа во Скопје предизвика сериозни проблеми во сообраќајот, особено во некои критични делови од градот.

Најтешка е состојбата во Автокоманда, каде што во рок од неколку минути се случиле три сообраќајни несреќи. Според информациите на Press24, во судирите учествувале неколку возила, а лизгавите коловози придонеле за несреќите.

Засега нема официјални информации за повредени лица, ниту за висината на материјалната штета.

Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.

ФОТО: Press24

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното