ФОТО Сообраќајка на булеварот „Партизански одреди“ 

Попладнево, на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, пред раскрсницата со улицата „Франклин Рузвелт“, се случила сообраќајна несреќа во која учествуваа две патнички возила и еден мотоцикл.

Според информациите од местото на настанот, мотоциклистот претрпел повреди, но засега нема официјални податоци за сериозноста на повредите.

Полицијата е на терен, го обезбедува местото на несреќата и врши увид.

Сообраќајот на овој дел од булеварот се одвива отежнато, а причините за несреќата и деталите за евентуалните повредени лица ќе бидат соопштени по завршувањето на истрагата.