Шаренило, креативност и еуфорија ја облеаја Струмица, потврдувајќи уште еднаш дека овој град знае како да создаде вистинска магија под маски. Учесниците и посетителите уживаа во спектакуларната атмосфера, каде традицијата и современата уметност се споија во една незаборавна карневалска приказна.
Маските, изработени со посебен труд и љубов, го донесоа својот уникатен печат на вечерта, додека маскенбалот во хотелот „Сириус“ навести уште една незаборавна карневалска авантура. Секој детал, секој костим, секој изглед оддаваше почит на долгогодишната традиција, но и на новите креативни изрази кои го прават струмичкиот карневал посебен.
„Струмица, срцето на карневалската традиција, продолжува да блеска, носејќи радост и магија со секоја нова година. Нека живее карневалот, нека живее Струмица!“, напиша градоначалникот на општината Костадин Костадинов.