Легендарниот пејач на народна музика, Халид Бешлиќ, почина во октомври годинава, а неговиот син сега сподели потресна фотографија направена додека тој сè уште беше во болница.
Дино Бешлиќ на својот Инстаграм-профил покажа како тој, неговата сопруга и децата позираат со Халид, кому денес би му бил роденден:

„Тато, денес би наполнил 72 години. Знам дека никогаш не сакаше да го славиш роденденот, но ние денес ти организиравме нешто мало. П.С. Немој да се лутиш на нас. Те сакаме.“ – напиша Дино.
Инаку, по смртта на Халид, внуката Ламиа, одржа емотивен говор:
„Ти си толку посебен, многу луѓе те сакаат. Не бевме ни свесни колку многу. Ми велеше, дедо: ‘Би сакал да си музички надарена’, и јас сум, дедо, имам по кого. Вашиот Белмин, како што велевте – мојот лав, лавот на дедо. Би сакале да беше со нас уште долго.“