ФОТО: Тримесечната Ана е најслаткото василичарче во Вевчани

Вевчанскиот карневал годинава ја доби својата најмлада и можеби најслатка учесничка.

Тримесечната Ана, облечена во традиционална црвена василичарска маска со препознатливата капа со череп, стана вистинска атракција на социјалните мрежи.

Под објавата на „Moe Vevcani“ со пораката „За многу години“, малата Ана беше прогласена за најјако василичарче за оваа година, симболизирајќи го продолжувањето на вековната традиција во Вевчани уште од најрана возраст.