ФОТО: Целосно уништена куќа во Бугарија, имало експлозија – се трага по две лица!

Експлозија уништи цела куќа во Бугарија.

Според информациите на тамошните медиуми, на улицата „Родина“ во Банкаја имало експлозија по што куќа на три ката се урнала.

„Експлозијата се случи во две куќи. Се бараат две лица – едно машко и едно женско“, соопшти полицијата.

Градоначаникот на Банкија, Рангел Марковл вели дека во куќата живееле брат и сестра од по 50-години.

„Нема контакт со овие луѓе во последните два часа. Не е утврдено дали биле внатре во куќата“, додаде тој.

Директорот на Противпожарната и спасувачката служба, Љубомир Николов истакна дека експлозијата се случила во 11:24 часот по што куќата се срушила додека пак нејзината близначка (лепенка куќа) најверојатно е оштетена.

Според него, дошло до несреќа во плинската инсталација на куќата. Околните соседи велат дека при експлозијата се слушнал страшен гром, а соседната куќа се тресела „како од земјотрес“.

„Колегите пронајдоа полууништена зграда на адресата – двор и соседна куќа, оштетувања има и на автомобили на истата адреса. Колегите од противпожарната служба допрва треба да проверат каква е состојбата и дали на местото има жители“, изјави Љубомир Николов.

Полицијата прецизираше дека на лице место има полициско куче, но не може да влезе бидејќи има пожар. По гаснењето на пожарот ќе започне потрагата по двете лица.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното