ФОТО: Целосно затворен автопатот Скопје – Велес поради одрон

Автопатот Скопје – Велес е целосно затворен од вечерва поради одрон, јавува репортерот на 4news.mk.

Одронот е пред патарината Сопот.

Во моментов пристигнува и полиција, а двете ленти се блокирани со автомобили.

Засега нејасно е до кога ќе трае блокадата.