Македонија

ФОТО+ВИДЕО: Пожарот во Тетово се шири на околните објекти, пристигнуваат возила на Брза помош

ФОТО+ВИДЕО: Пожарот во Тетово се шири на околните објекти, пристигнуваат возила на Брза помош

Пожарот кој првично го зафати поранешниот Монопол во Тетово сега се проширува и на соседните објекти.

На терен пристигнаа приватни компании кои помагаат во ставањето под контрола на пламените јазици, но и во транспортот на робата која била складирана во соседните објекти.

Според информации на 4NEWS.mk се активирала и војската.

На терен успеавме да го забележиме и градоначалникот Биљал Касами кој во моментов не даде изјава за медиумите.

На терен пристигнаа и неколку возила на Брза помош, но во моментов нема официјални информации за настрадани лица.

Полицијата го ограничи движењето во Тетово поради големиот пожар и густиот чад.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни