
Вечерва во Битола се пишува историја. За првпат еден натпревар се игра под рефлектори на стадионот „Петар Милошевски“, и тоа на големото дерби против Вардар.
Северната трибина на стадионот е полна, нема „игла каде се фрли“, а се очекуваат и навивачите на Вардар „Комити“ да пристигнат на јужната трибина, па да биде комплетиран спектаклот.
Ова е натпревар во рамките од 13. коло.









