ФОТО Започна протестот на „Партизанска“ за Фросина, се бара праведност и строга казна за возачот!

Во моментов на „Партизанска“, пред Силбо, започна протестот во врска со трагичниот настан кој се случи завчера, во кој загина 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино.

Инцидентот се случи кога возачот, 20-годишниот Васил Јованов, управувајќи со „Пежо 207“, се движел под влијание на алкохол, без возачка дозвола, и преминал на црвено светло, при што ја удрил Кулакова, која во тој момент законски преминуваше на пешачкиот премин на булеварот „Партизански одреди“ кај Силбо. Кулакова, студентка по моден дизајн, настрадала на местото.

Тој, иако бил добро познат на органите на прогонот за претходни прекршоци, продолжил да вози без никакви последици. Судот му определи 30-дневен притвор по ова трагично сообраќајно несреќа.

Протестот е организиран како израз на револт од страна на пријателите, семејството и студентите кои се солидаризираат со семејството на починатата. Протестирачите бараат праведност и строга казна за возачот, како и поголема контрола на безбедноста на скопските улици.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното