Топлото време и сонце низ Македонија ги натера змиите да излезат од својата сенка, па така можат да се забележат насекаде.
Таков случај е и во скопски Карпош каде змија се појавила на балконот.
Засега не е познато за каков тип на змија се работи, но во Македонија нема специјализирана служба за нивно заловување.
На тераса … Карпошу наш 🤬🤬🤬🤬🤬 pic.twitter.com/qvgzr4Y4jp
— Jasum (@630225Taasum) April 30, 2025
Од Центарот за управување со кризи информираат дека во Македонија нема специјализирана служба за нивно заловување и безбедно отранување, па така граѓаните се оставени да бараат контакти од лица способни за отстранување на змии.
Почестата појава на змии во населени места индицира дека локалните самоуправи, а секако и на повисоко ниво специјализирани институции од ветеринарната област, во рамки на нивните можности е пожелно да се обидат во соработка со професионалци од ветеринарната област да им помогнат на граѓаните и за одбивање од одредени површини и реони со различни еколошки средства на змиите, а и со безбедно заловување во одредени случаи кога се во објекти во населени места.
Препорачливо е внимателно движење во природа, а при средбите со диви животни да бидете смирени, и да не се приближувате до животните многу блиску од љубопитност, бидејќи природата нема заштитни огради како во Зоолошка градина, тие се диви животни и ако се почувствуваат загрозени заради нивна самозаштита може да нападнат, конкретно заради одбрана на својот личен безбедносен простор, а потоа да избегаат. Носете стапчиња за движење во природа и низ густата вегетација пред вас да проверувате и да ги избркате змиите, секако ако ги има пред вас, а ако има случајно има каснување од змија да се повика 112.