ФОТО: Ѕвездата на контроверзното шоу пристигна во Хвар – позната е по дивите испади, а повеќето не ја препознаваат по промената на изгледот

Ѕвездата на контроверзното шоу „Geordie Shore“ Вики Патисон (33) се пофали на Инстаграм дека ужива во Хвар.

„Јас сум во рајот, луѓе … Знам дека сите сме во иста ситуација, но 18 месеци очајно сакав да заминам на одмор, откажав неколку па не сакав премногу да се надевам на ова во случај да не се случи. Но, јас сум тука. Многу ми е жал, но ќе објавам купишта и купишта фотографии “, напиша Вики.

Волшебната Англичанка откри дека летува на Хвар, една од омилените дестинации на Јадранот меѓу светските sвезди.

Таа сподели серија фотографии во костим за капење и од вечери каде уживаше во деликатеси и коктели.

Инаку, Вики за многумина е непрепознатлива откако се одлучи за голема промена и стана русокоса додека претходно беше црнка. Гледачите ширум светот ја паметат по нејзините диви испади и турбулентна љубовна врска во емисијата „Geordie Shore“ во која се појави од 2011 до 2014 година.