Се очекува вечерва Финска да донесе одлука за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.
Во меѓувреме Франција и натаму е без стави дали на земјава треба да и се даде датум за почеток на преговорите за членство во Европската Унија.
Извори од Владата посочуваат дека Германија инсистира да бидат започнати преговорите со ЕУ во декември. Но, Франција не била задоволна од преговарачкиот процес, односно бара тој процес да се движи постепено.
Сите земји се спротивставени на ставот на Франција, со исклучок на Холандија која е резервирана, дознава ТВ21 од владини извори.
