Француската влада одвои 200 милиони евра за уништување на вишокот вино и поддршка на производителите.
Одлуката доаѓа во услови на коктел од проблеми што ја опкружуваат индустријата, вклучувајќи го и фактот дека побарувачката за вино се намалува бидејќи луѓето се повеќе пијат занаетско пиво.
Прекумерното производство и трошоците за живот влијаат и на индустријата.
Повеќе од 200 милиони евра ќе бидат наменети за купување на вишоци, додека алкохолот ќе се користи за понатамошна обработка и производство на средства за дезинфекција на раце, средства за чистење и парфеми.
Во обид да се намали производството, парите ќе им бидат достапни на лозарите како форма на поддршка за да почнат да одгледуваат други култури, како маслинки.
Со пумпање пари во индустријата, француската влада сака да го запре „падот на цените, за да можат винарите повторно да најдат извори на приход“, изјави министерот за земјоделство Марк Фесно.
И покрај финансиската помош, која првично се состоеше од 160 милиони евра од фондовите на Европската унија, која француската влада ја надополни до 200 милиони евра, винската индустрија мора „да гледа кон иднината, да размислува за промени во навиките на потрошувачите и да се прилагоди“, додаде Фесно. .
Податоците на Европската комисија за 2023 година до јуни покажуваат дека потрошувачката паднала за 7 отсто во Италија, 10 отсто во Шпанија, 15 отсто во Франција, 22 отсто во Германија, 34 отсто во Португалија, додека производството на вино во ЕУ, регионот со највисокото производство во светот, зголемено за 4 отсто.
