Франција: Осуденик кој ја отслужува својата казна во Арл зароби неколку затворски чувари

Осуденик кој ја издржува казната во затворот во Арл, фатил и држи во заложништво неколку членови на затворскиот персонал, јавија денеска француските медиуми, наведувајќи дека интервентните единици на полицијата се подготвени да интервенираат.

Затвореникот има ладно оружје и држи во заложништво неколку членови на затворскиот персонал, најмалку тројца медицински работници и еден чувар, пишува порталот BFMTV Marseille Provence.

Локалната полиција е распоредена на лице место, а регионалните екипи за одговор се на пат и подготвени да интервенираат.

Според францускиот портал, властите ангажирале и членови на специјален, тактички полициски тим за вонредни ситуации.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното