Францускиот амбасадот, Кристијан Тимоние, на средбата со претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска, бил пречекан со холандско знаме. Овој дипломатски гаф се случил во понеделникот на протоколарната средба со амбасадорот во Општина Охрид.
За споредба објавуваме фотографии од средби на амбасадорот со други функционери во Македонија, како и средби со холандскиот амбасадор.
Средба на поранешниот министер за образование и наука, Пиштар Лутфиу со холандскиот амбасадор, Вилем Воутер Пломп.
Како што претходно известија медиумите, на средбата меѓу Ангелоска и Тимоние во Охрид за разговарало за статусот на Охридскиот регион и за заштита на езерото во пресрет на конференцијата на УНЕСКО во Баку.


