Бомба била фрлена ноќеска врз куќата на познатиот пејач Здравко Чолиќ во Белград.
Според информациите, тој, неговата сопруга и ќерката биле во куќата во моментот на детонацијата, но не се повредени односно предизвикана е само материјална штета.
Полицијата се сомнева дека станува збор за рачна граната, а мотивот за нападот засега е непознат.
Дежурниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград излезе на местото на настанот, каде што, заедно со полицијата, се утврдуваат сите околности на тој напад.
