Г.Г. Стефан полни 70 години!

Денеска се прославува 70-от јубилеен роденден на нашиот духовен пастир и водич – Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Тој е роден на 01.05.1955 година во битолското село Добрушево во семејството Велјановци.

Неговото световно име е Велјановски Стојан.

Високо образован, решен да го посвети животот служејки на Бога и народот тој се замонашил во манастирот „Св. Наум“ во Охрид на 3 јули 1986 г. а на 12 јули бил именуван за Митрополит Струмички, а кратко потоа именуван за митрополит на Брегалничката епархија.

Во Охрид од 9-10 октомври 1999 година на црковно-народниот собир (составен од духовни и световни членови) бил избран за поглавар на Македонската православна црква, штo значи дека на чело на МПЦ – ОА е 25 години.

Во текот на својата богата духовна и црковна служба, Архиепископот Стефан се истакнува како мудар раководител, посветен молитвеник и достоинствен претставник на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, водејќи го својот народ со љубов, трпение и вера.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното